Philips PerfectCare Compact Plus GC7920/20 - Instrukcja obsługi - Strona 31

Philips PerfectCare Compact Plus GC7920/20 Generator pary – Instrukcja obsługi w formacie pdf, czytaj online za darmo. Mamy nadzieję, że okaże się ona pomocna w przypadku jakichkolwiek pytań związanych z użytkowaniem urządzenia.

Jeśli nadal masz wątpliwości, zadaj pytanie w komentarzach pod instrukcją.

"Ładowanie instrukcji" oznacza, że musisz poczekać na pobranie pliku, aby móc go przeczytać online. Niektóre instrukcje są bardzo obszerne, a czas ich ładowania zależy od szybkości łącza internetowego.
Strona:
/ 39
Ładowanie instrukcji

132

Пеглање

1

Ставете го апаратот на стабилна и рамна површина.
Забелешка: за да овозможите безбедно пеглање, ви препорачуваме основата секогаш да ја

поставувате на стабилна штица за пеглање, маса или на под.

2

Проверете дали има доволно вода во резервоарот за вода.

3

Извадете го цревото за довод на вода од преградата за чување.

4

Вметнете го приклучокот во заземјен ѕиден штекер и притиснете го копчето за вклучување/

исклучување за да го вклучите апаратот (сл. 6). Почекајте индикаторот „пеглата е подготвена“ да

почне постојано да свети (сл. 7). Ова трае приближно 2 минути.

5

Притиснете го копчето за отпуштање на бравата за носење за да ја ослободите пеглата од

подножјето (сл. 8).

6

Притиснете и задржете го копчето за пареа за да започнете да пеглате (сл. 9).
Забелешка: кога ќе започнете со пеглање и особено при првото користење на копчето за пареа,

може да бидат потребни повеќе од 30 секунди за да излезе пареа од апаратот.
Забелешка: пумпата се активира секогаш кога ќе го притиснете копчето за пареа. Таа произведува

слаб звук на ѕвечкање. Кога во резервоарот за вода нема вода, звукот на пумпата е погласен.

7

За да постигнете најдобри резултати на пеглање, по пеглањето со пареа последните потези

направете ги без пареа.
Забелешка: ако не го отпуштите копчето доволно рано и не ја подигнете пеглата до основата,

може да забележите дека сè уште излегува пареа, што е нормално. За да го избегнете тој ефект, ви

препорачуваме да ја оставите пеглата на штицата додека ја поместувате облеката.

Предупредување: никогаш не насочувајте ја пареата кон луѓе.

Функција на режимот MAX

За помоќна пареа можете да го користите режимот за пареа MAX, кој е безбеден на сите ткаенини

што се пеглаат.

Ви препорачуваме да го користите режимот за пареа MAX за ткаенини како што се памук, џинс и лен.

1

Притиснете го копчето за вклучување/исклучување и задржете го 2 секунди сè додека

индикаторот не почне да свети во бела боја.

2

За да го деактивирате режимот MAX, повторно притиснете го копчето за вклучување/исклучување

и задржете го 2 секунди сè додека индикаторот не почне да свети во сина боја.

Функција за дополнителна количина на пареа

1

Притиснете го копчето за пареа двапати брзо за да ослободите силен млаз на пареа во траење од

3 секунди (сл. 10).
Забелешка: ви препорачуваме да ја користите функцијата за дополнителна количина на пареа

само за тврдокорни набори.

Вертикално пеглање

Предупредување: пеглата испушта врела пареа. Никогаш не обидувајте се да отстранувате

набори од облека додека некој ја носи (сл. 11). Не применувајте пареа во близина на вашата

или туѓа рака.

Пеглата на пареа може да ја користите во вертикална положба за да ги отстраните наборите од

ткаенините поставени на закачалка.

1

Држете ја пеглата во вертикална положба, притиснете го копчето за пареа и нежно допрете ја

облеката со грејната плоча, па движете ја пеглата нагоре и надолу (сл. 12).

Македонски

instrukcjapopolsku.pl
Nadal masz pytania?

Nie znalazłeś odpowiedzi w instrukcji lub masz inne problemy? Zadaj pytanie w poniższym formularzu i opisz szczegółowo swoją sytuację, aby inni użytkownicy i eksperci mogli udzielić ci odpowiedzi. Jeśli wiesz, jak rozwiązać problem innej osoby, podziel się swoją wiedzą :)