Saeco SM8889/00 - Instrukcja obsługi - Strona 114

Saeco SM8889/00 Ekspres do kawy – Instrukcja obsługi w formacie pdf, czytaj online za darmo. Mamy nadzieję, że okaże się ona pomocna w przypadku jakichkolwiek pytań związanych z użytkowaniem urządzenia.

Jeśli nadal masz wątpliwości, zadaj pytanie w komentarzach pod instrukcją.

"Ładowanie instrukcji" oznacza, że musisz poczekać na pobranie pliku, aby móc go przeczytać online. Niektóre instrukcje są bardzo obszerne, a czas ich ładowania zależy od szybkości łącza internetowego.
Strona:
/ 207
Ładowanie instrukcji

670

Македонски

2

Допрете една од иконите за пијалаци со еден допир за да изберете пијалак (Сл. 6).

3

Лизгајте ја приспособливата лента нагоре за да ја поставите јачината на највисокото ниво и
изберете ја функцијата ExtraShot (Сл. 11).

4

Потоа притиснете ја иконата за старт/стоп (само за SM8780, SM8782, SM8785) или притиснете ја
иконата за старт (само за SM8885, SM8889) за да започнете да подготвувате пијалак.

5

За да го сопрете распрснувањето на пијалакот пред да заврши машината, повторно притиснете ја
иконата за старт/стоп (само за SM8780, SM8782, SM8785) или повторно притиснете ја иконата за
стоп (само за SM8885, SM8889).

Ако сте ја избрале функцијата ExtraShot, истовремено може да варите само едно кафе.

Функцијата за дополнителна доза не е достапна за сите пијалаци.

Приспособување на поставките за машината

Повеќето поставки на машината може да ги приспособите со допирање на иконата Settings
(Поставки) и следење на чекорите на екранот.

За онлајн поддршка (често поставувани прашања, видеа итн.), скенирајте го QR-кодот што се наоѓа на
корицата на оваа брошура или одете на

www.saeco.com/care

Поставување тврдост на водата

Ве советуваме да ја приспособите поставката за тврдост на водата според нивото на тврдост на

водата во вашиот регион за да имате оптимални перформанси и подолг работен век на машината.
Ова спречува да морате премногу често да го чистите бигорот на машината. Стандардната поставка
за тврдост на водата е 4: тврда вода.

Користете ја лентата за тестирање тврдост на водата дадена во кутијата за да ја
одредите тврдоста на водата во вашиот регион:

1

Ставете ја лентата за тестирање тврдост на водата во вода од чешма или држете ја под чешма 1
секунда (Сл. 12).

2

Почекајте 1 минута. Бројот на квадрати на лентата за тестирање што ќе станат црвени ја
означуваат тврдоста на водата (Сл. 13).

Поставете ја машината на точната тврдост на водата:

1

Допрете ја иконата Settings (Поставки) и лизгајте одлево надесно за да изберете „Water
hardness“ (Тврдост на водата).

2

Изберете го нивото на тврдост на водата. Бројот на црвени квадрати избран на дисплејот треба да
биде ист со бројот на црвени квадрати на лентата за тестирање (Сл. 14).

3

Кога ќе ја поставите точната тврдост на водата, допрете ја иконата за потврдување за да
потврдите.

Приспособување на поставката за мелење

Може да ја промените јачината на кафето со копчето за поставка на мелењето во садот за зрна.
Колку е пониска поставката за мелење, толку е пофино меленото кафе и толку појако ќе биде
свареното кафе. Има 12 различни поставки за мелење од кои може да изберете.

Машината е поставена да го извлече најдобриот вкус од вашите зрна кафе. Затоа ве советуваме да не
ја поставувате поставката за мелење додека не сте свариле 100 до 150 филџани (приближно 1 месец
користење).

Треба да подготвите 2 до 3 пијалаци пред да може да ја вкусите разликата.

instrukcjapopolsku.pl
Nadal masz pytania?

Nie znalazłeś odpowiedzi w instrukcji lub masz inne problemy? Zadaj pytanie w poniższym formularzu i opisz szczegółowo swoją sytuację, aby inni użytkownicy i eksperci mogli udzielić ci odpowiedzi. Jeśli wiesz, jak rozwiązać problem innej osoby, podziel się swoją wiedzą :)