Vitamix 65331 Blender – Instrukcja obsługi w formacie pdf, czytaj online za darmo. Mamy nadzieję, że okaże się ona pomocna w przypadku jakichkolwiek pytań związanych z użytkowaniem urządzenia.
Jeśli nadal masz wątpliwości, zadaj pytanie w komentarzach pod instrukcją.
"Ładowanie instrukcji" oznacza, że musisz poczekać na pobranie pliku, aby móc go przeczytać online. Niektóre instrukcje są bardzo obszerne, a czas ich ładowania zależy od szybkości łącza internetowego.
111
Десетгодишна целосна гаранција на машината
1.
РЕГИСТРАЦИЈА НА ПРОИЗВОДОТ.
Може да го регистрирате преку интернет на vitamix.com/warranty или со јавување на нашата Служба за корисници на 0800 587 0019 или 1.440.235.4840. Ако не го регистрирате
купувањето на производот, тоа нема да ги поништи вашите права на гаранција. Сепак, регистрирањето на купувањето ќе му овозможи на Vitamix подобро да одговори на сите ваши
потреби како купувач.
2.
КОЈ МОЖЕ ДА БАРА АКТИВИРАЊЕ НА ГАРАНЦИЈАТА?
Оваа гаранција ја дава Vitamix на сопственикот на овој блендер само за лична, домашна употреба. Оваа гаранција не важи за производи што се користат за комерцијална намена,
изнајмување или препродажба. Ако сопственикот на блендерот се промени во текот на десетгодишниот период, ажурирајте ги информациите за сопственикот на блендерот на
vitamix.com.
3.
ШТО Е ПОКРИЕНО?
Vitamix му гарантира на сопственикот дека ако овој блендер
(„блендер“ се состои од база на моторот на блендерот, заедно со сите садови, капаци и мешалки купени
заедно)
се расипе во рок од 10 години од датумот на купувањето како резултат на дефект на материјалот или изработката или како резултат на нормално абење од вообичаена
домашна употреба, во рок од 30 дена по добивањето на вратениот блендер, Vitamix бесплатно ќе го поправи расипаниот блендер или делот од блендерот.
Ако, според сопствено наоѓање на Vitamix, расипаниот блендер или дел од блендерот не може да се поправи, Vitamix ќе избере (А) или да го замени блендерот бесплатно или (Б) да
му го врати на купувачот износот за кој бил купен блендерот, освен ако Vitamix не добил претходно писмено известување за тоа што претпочита сопственикот.
4.
ШТО НЕ Е ПОКРИЕНО?
Гаранцијата не важи за блендери што се користеле за комерцијална намена или надвор од домаќинство. Гаранцијата не покрива козметички промени кои не влијаат на работата,
како што се менување на бојата или ефекти од користење на абразивни средства или средства за чистење или наталожување на храна. Гаранцијата важи само ако блендерот се
користи и се одржува според упатствата, предупредувањата и заштитните мерки наведени во упатството за употреба.
Садови: обработката на одредени билки и зачини во садот/чашата ќе предизвика козметичко оштетување на садот/чашата и може да предизвика предвремено
изабување на сечилата. Исто така, и траги од ситен или крупен песок, како и абразивни билки може да предизвикаат предвремено изабување на сечилата.
Билките може да содржат испарливи масла кои може да предизвикаат садот/чашата да ги задржи маслата и да предизвикаат трајна промена на бојата.
Vitamix нема да биде одговорен за трошокот за неовластени поправки во гарантниот рок.
ПОПРАВКАТА, ЗАМЕНАТА ИЛИ ВРАЌАЊЕТО НА ИЗНОСОТ НА КУПУВАЊЕ СЕ ЕКСКЛУЗИВНИ ПРАВНИ ЛЕКОВИ НА КУПУВАЧОТ И ЦЕЛОСНА ОДГОВОРНОСТ НА
VITAMIX СПОРЕД ОВАА ГАРАНЦИЈА. НИТУ ЕДЕН ВРАБОТЕН ИЛИ ПРЕТСТАВНИК НА VITAMIX НЕМА ОВЛАСТУВАЊЕ ДА ДАВА КАКВА БИЛО ДОПОЛНИТЕЛНА
ГАРАНЦИЈА ИЛИ КАКВА БИЛО ПРОМЕНА НА ОВАА ГАРАНЦИЈА ШТО МОЖЕ ДА БИДЕ ОБВРЗУВАЧКА ЗА VITAMIX. СПОРЕД ТОА, КУПУВАЧОТ НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПОТПИРА
НА ДОПОЛНИТЕЛНИ ИЗЈАВИ ОД КОЈ БИЛО ВРАБОТЕН ИЛИ ПРЕТСТАВНИК НА VITAMIX. ВО НИТУ ЕДЕН СЛУЧАЈ, БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ СЕ ЗАСНОВА НА ДОГОВОР,
ОБЕСШТЕТУВАЊЕ,
ГАРАНЦИЈА, ПРЕКРШОК (ВКЛУЧУВАЈЌИ И НЕБРЕЖНОСТ), СТРОГА ОДГОВОРНОСТ ИЛИ ДРУГО, VITAMIX НЕМА ДА БИДЕ ОДГОВОРЕН ЗА НИКАКВА
СПЕЦИЈАЛНА, ПОСРЕДНА, СЛУЧАЈНА ИЛИ ПОСЛЕДИЧНА ШТЕТА, ВКЛУЧУВАЈЌИ И, БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ, ЗАГУБА НА ПРОФИТ ИЛИ ПРИХОД.
Некои земји не дозволуваат ограничување на гаранциите. Во тие земји, горенаведените ограничувања може да не важат за вас. Надвор од САД и Канада може да важат други
гаранции.
5.
ШТО ЈА ПОНИШТУВА ОВАА ГАРАНЦИЈА?
Злоупотреба, неправилна и невнимателна употреба, измена на блендерот, изложување на невообичаени или екстремни услови или непочитување на упатствата за работа од ова
упатство ќе ја поништат оваа гаранција.
Гаранцијата е неважечка и ако се извршат поправки на блендерот или на кој било дел од блендерот од страна на некој кој не е Vitamix или сервисер овластен од Vitamix или ако
некој дел од блендерот кој е покриен со оваа гаранција се користи во комбинација со база на мотор или сад кои не се изречно одобрени од Vitamix.
6.
КАКО ДА ДОБИЕТЕ ДОЗВОЛА ЗА ВРАЌАЊЕ СПОРЕД ОВАА ГАРАНЦИЈА?
Ако ви е потребен сервис или поправка, контактирајте со Службата за корисници на Vitamix на 0800 587 0019 или 1.440.235.4840. Од вас ќе се побара да го наведете датумот на
купувањето и доказ за купувањето за секој блендер што не е регистриран кај Vitamix. За блендери кои се покриени со оваа гаранција, ќе добиете број за дозвола за враќање, најнови
упатства за испорака и однапред платена повратна етикета за подигање. Vitamix ќе ги плати стандардните трошоци за испорака при враќањето на блендерот за сервисирање
и поправка под гаранција и за испраќање на блендерот до вас откако ќе се изврши сервисирање или замена според гаранцијата. Купувачот е одговорен за трошоците за специјални
барања за испорака.
Во САД и Канада, оваа гаранција може да се искористи директно преку Vita-Mix Corporation.
САД
Канада
Vita-Mix Corporation
Vita-Mix Corporation
8615 Usher Road
200-1701 Shepherd Street East
Cleveland, Ohio 44138-2199
Windsor, Ontario N8Y 4Y5
+1 800 848 2649
+1 800 848 2649
service@vitamix.com
service@vitamix.com
Ќе се смета дека сте го прифатиле вратениот производ „таков каков што е“ по доставувањето освен ако не го известите Vitamix за секој проблем, вклучувајќи и оштетување при
испорака, во рок од 48 часа по доставувањето.
Г
аранција
и
серВис
Г
а ра н ц и ј а
Spis treści
- 24 Uwaga: Model Ascent A2300i nie ma programów; Niektóre modele nie są dostępne we wszystkich krajach; Źródło inspiracji; PRZESTROGA
- 25 PRZED URUCHOMIENIEM; WAŻNE INSTRUKCJE DOTYCZĄCE BEZPIECZNEGO KORZYSTANIA; INSTRUKCJĘ NALEŻY ZACHOWAĆ; OSTRZEŻENIE; Zagrożenie porażeniem prądem.
- 27 Pojemnik, pokrywka, zatyczka pokrywki i ubijak; Akcesoria; i przykłady wykorzystania.; z ę ś c i; Ostrza obrotowe mogą spowodować szkody.
- 28 l e n d o Wa n i e; Duże pojemniki; Uwaga: Program do blendowania zupy nie jest dostępny w przypadku
- 30 BEZWZGLĘDNEJ ODPOWIEDZIALNOŚCI DELIKTOWEJ, ZA; JAK UZYSKAĆ AUTORYZACJĘ ZWROTU W RAMACH NINIEJSZEJ GWARANCJI.; Stany Zjednoczone; Warancja
Nadal masz pytania?Nie znalazłeś odpowiedzi w instrukcji lub masz inne problemy? Zadaj pytanie w poniższym formularzu i opisz szczegółowo swoją sytuację, aby inni użytkownicy i eksperci mogli udzielić ci odpowiedzi. Jeśli wiesz, jak rozwiązać problem innej osoby, podziel się swoją wiedzą :)