Bosch Chain 35 (0.600.8B8.303) - Instrukcja obsługi - Strona 27

Bosch Chain 35 (0.600.8B8.303) Piła łańcuchowa – Instrukcja obsługi w formacie pdf, czytaj online za darmo. Mamy nadzieję, że okaże się ona pomocna w przypadku jakichkolwiek pytań związanych z użytkowaniem urządzenia.

Jeśli nadal masz wątpliwości, zadaj pytanie w komentarzach pod instrukcją.

"Ładowanie instrukcji" oznacza, że musisz poczekać na pobranie pliku, aby móc go przeczytać online. Niektóre instrukcje są bardzo obszerne, a czas ich ładowania zależy od szybkości łącza internetowego.
Strona:
/ 70
Ładowanie instrukcji

Македонски |

245

ланецот влијае на ефикасноста при сечењето. Само
оштар ланец штити од преоптоварување.

– Дали е кочницата за отскокнување деактивирана и

нејзината исправност потврдена?

– Дали ја носите потребната заштитна опрема? Носете

заштита за видот и слухот. Препорачано е да се носи и
заштита за главата, рацете, нозете и стапалата.
Соодветна заштитна опрема штити од парчиња
отфрлени при сечењето и од случаен контакт со
ланецот.

Отскокнување (види слика E)

Под отскокнување се подразбира ненадејно и брзо
движење на пилата нагоре и наназад коешто се случува
кога ланецот (на врвот на плочата) доаѓа во контакт со
материјал, или кога се заглавува ланецот.
При отскокнување пилата реагира непредвидливо и
може да предизвика тешки повреди кај ракувачот или
лицата во непосредна близина.
Особено внимание мора да се посвети кога се сече
странично, накосо или при долги резови, зошто не може
да се примени забецот

(10)

.

За да избегнете отскокнување:
– Сечете местејќи ја плочата под прав агол со дрвото.
– Никогаш не работете со лабав, многу истегнат или

многу истрошен ланец.

– Ланецот оштрете го како што е овде опишано.
– Никогаш не сечете над нивото на рамената.
– Никогаш не работете со врвот на ланецот.
– Држете ја пилата цврсто со двете раце.
– Секогаш користете Бош ланец за смалување на

отскокнувањата.

– Користете го металниот забец

(10)

за водење.

– Внимавајте ланецот да е соодветно затегнат.

Општо однесување (види слики E–H)

Секогаш држете ја пилата цврсто со двете раце, левата
рака на предната дршка, а десната рака на задната
дршка. Потполно опфатете ги обете дршки со палецот и
прстите секогаш во текот на работата. Никогаш не
работете држејќи само со едната рака. Проверете каелот
секогаш да е позади и секогаш држете го вон дофат на
пилата и подалеку од материјалот што го сечете;
поставете се така што кабелот не може да се сплетка во
гранките или грмушките.
Секогаш при употреба на пилата стојте стабилно. Држете
ја пилата на десната страна од телото.
Пилата мора веќе да работи кога ќе дојде во контакт со
дрвото. Притоа користете го забецот

(10)

за поддршка на

пилата на дрвото. При сечењето користете го забецот
како водилка.
Прилагодете го забецот на пониско ниво кога сечете
поцврсто дрво или стебло. За тоа, повлечете го ланецот
малку наназад додека не попушти забецот, па преместете
го на пониското ниво за да продолжите со сечење. Не
вадете ја до крај пилата од резот.

Не форсирајте го ланецот при сечењето, пуштете го
ланецот да работи со свое темпо, користејќи го забецот

(10)

со лесен притисок.

Никогаш не сечете со потполно испружени раце.
Никогаш не пробувајте да досегнете тешко дофатни
гранки и не стојте на скали. Никогаш не сечете над нивото
на рамената.
Најефикасно е сечењето кога брзината на ланецот е
рамномерна во тек на сечењето.
Внимание при крајот на резот. Тежината на пилата
одеднаш се менува при ослободување од дрвото. Постои
опасност да се повредат нозете и стапалата.
Секогаш вадете ја пилата од резот во дрвото додека
ланецот се врти.

Сечење корења (види слики F–I)

Кога сечете цепаници, применувајте ги следните
безбедносни упатства:
Цепаниците поставувајте ги така да не се сосем една до
друга, како на сликата, за ланецот да не се заглавува.
Пред сечење, поставете ги и прицврстете ги кратките
цепаници.
Сечете само дрво и дрвени предмети. При шетање,
секогаш внимавајте да избегнете контакт со камења,
шајки и слично, зошто пилата може да ги отфрли, а
ланецот да се оштети, или да дојде до сериозна повреда
на ракувачот или околните лица.
Пилата што работи држете ја подалеку од огради и од
земјата.
Употребата на пилата за поткастрување гранки или
грмушки не е одобрена.
При подолгите резови мора да се обрне посебно
внимание, зошто нивелирањето со забецот

(10)

не е

можно. Сечете под прав агол за да избегнете
отскокнување.
Кога работите на падина, работете над стеблото или
отстрана.
Внимавајте да не се сопнете на гранки, корења и слично.

Сечење затегнато дрво (види слика I)

u

Бидете исклучително внимателни кога сечете
затегнато дрво или гранки. Ваквата работа
препуштете ја на обучени професионалци.

Постои

голем ризик од повреда.

Кога сечете цепаници прицврстени на двете страни,
почнете одгоре (

Y

) околу една третина во цепаницата, па

потоа завршете го резот оддолу (

Z

) за да избегнете

кинење на дрвото и заглавување на пилата. Избегнувајте
контакт со земјата.
Кога е цепаницата прицврстена само на еден крај,
почнете да сечете оддолу (

Y

) околу една третина во

цепаницата, па потоа завршете го резот одгоре (

Z

) за да

избегнете кинење на дрвото и заглавување на пилата.

Bosch Power Tools

F 016 L81 829 | (28.11.2019)

Автотовари

«130»

130.com.ua

instrukcjapopolsku.pl
Nadal masz pytania?

Nie znalazłeś odpowiedzi w instrukcji lub masz inne problemy? Zadaj pytanie w poniższym formularzu i opisz szczegółowo swoją sytuację, aby inni użytkownicy i eksperci mogli udzielić ci odpowiedzi. Jeśli wiesz, jak rozwiązać problem innej osoby, podziel się swoją wiedzą :)