Philips GC6730 Żelazko – Instrukcja obsługi w formacie pdf, czytaj online za darmo. Mamy nadzieję, że okaże się ona pomocna w przypadku jakichkolwiek pytań związanych z użytkowaniem urządzenia.
Jeśli nadal masz wątpliwości, zadaj pytanie w komentarzach pod instrukcją.
"Ładowanie instrukcji" oznacza, że musisz poczekać na pobranie pliku, aby móc go przeczytać online. Niektóre instrukcje są bardzo obszerne, a czas ich ładowania zależy od szybkości łącza internetowego.
102
Македонски
Вовед
Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips! За да целосно ја искористите поддршката која ја нуди
Philips, регистрирајте го вашиот производ на
www.philips.com/welcome
.
Внимателно прочитајте го ова упатство за користење, брошурата со важни информации и водичот за брз
почеток пред да го користите апаратот. Зачувајте ги за идни потреби.
Преглед на производот (сл. 1)
1 Грејна плоча
2 Индикатор „пеглата е подготвена“
3 Копче CALC-CLEAN со индикатор
4 Копче за пареа/дополнителна количина на пареа
5 Регулатор за температура
6 Црево за довод на вода
7 Потпирач за поставување во исправена положба
8 Вратичка за полнење на резервоарот за вода
9 Копче за отпуштање на бравата за носење (само серијата GC6730, GC6740)
10 Подножје за пеглата
11 Прекинувач за вклучување/исклучување
12 Кабел за напојување со приклучок
13 Преграда за чување на цревото за довод на вода и на кабелот за напојување
14 Сад Smart Calc-Clean
Ексклузивна технологија од Philips
Компактна технологија ProVelocity
Оваа технологија овозможува континуирано испуштање пареа што продира длабоко за лесно отстранување на
наборите. Исто така, таа го прави апаратот покомпактен и полесен од традиционалните генератори за пареа за
полесно складирање.
Подготовка за употреба
Тип вода што треба да ја користите
Овој апарат е предвиден да се користи со вода од чешма. Меѓутоа, ако живеете во подрачје со тврда вода, може
да дојде до брзо таложење на бигор. Затоа се препорачува користење на дестилирана или деминерализирана
вода за да се продолжи векот на траење на апаратот.
Предупредување: не користете парфимирана вода, вода од машина за сушење алишта, оцет, штирак, средства
за отстранување бигор, адитиви за пеглање, вода која е хемиски исчистена од бигор или други хемикалии,
затоа што може да предизвикаат нагло исфрлување на вода, појава на кафени дамки или оштетување на
апаратот.
Полнење на резервоарот за вода
Наполнете го резервоарот за вода пред секое користење или кога нивото на вода во резервоарот ќе се спушти
под минималното ниво. Резервоарот за вода можете да го дополните во секое време при користењето.
1
Отворете ја вратичката за полнење на резервоарот за вода (сл. 2).
2
Наполнете го резервоарот за вода до ознаката MAX (сл. 3).
3
Затворете ја вратичката за полнење на резервоарот за вода (да се слушне „клик“).
Spis treści
- 4 Polski; Wprowadzenie; Technologia Compact ProVelocity; Przygotowanie do użycia; Rodzaj używanej wody
- 5 Zasady używania urządzenia; Prasowanie; Ustawienie; Funkcja silnego uderzenia pary
- 6 Automatyczne wyłączanie; Czyszczenie i konserwacja; Inteligentny system antywapienny Calc-Clean
- 7 Czyszczenie stopy żelazka; Przechowywanie
Nadal masz pytania?Nie znalazłeś odpowiedzi w instrukcji lub masz inne problemy? Zadaj pytanie w poniższym formularzu i opisz szczegółowo swoją sytuację, aby inni użytkownicy i eksperci mogli udzielić ci odpowiedzi. Jeśli wiesz, jak rozwiązać problem innej osoby, podziel się swoją wiedzą :)