Bosch PSB 1440 LI-2 06039A3205 Wkrętark – Instrukcja obsługi w formacie pdf, czytaj online za darmo. Mamy nadzieję, że okaże się ona pomocna w przypadku jakichkolwiek pytań związanych z użytkowaniem urządzenia.
Jeśli nadal masz wątpliwości, zadaj pytanie w komentarzach pod instrukcją.
"Ładowanie instrukcji" oznacza, że musisz poczekać na pobranie pliku, aby móc go przeczytać online. Niektóre instrukcje są bardzo obszerne, a czas ich ładowania zależy od szybkości łącza internetowego.
112
| Македонски
1 609 92A 2UA | (11.10.17)
Bosch Power Tools
Македонски
Општи безбедносни напомени за
електрични апарати
Прочитајте ги сите
напомени и упатства за
безбедност.
Грешките настанати како резултат од
непридржување до безбедносните напомени и упатства
може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или
тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за
користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во напомените за безбедност се
однесува на електрични апарати што користат струја (со
струен кабел) и електрични апарати што користат батерии
(без струен кабел).
Безбедност на работното место
Работниот простор секогаш нека биде чист и добро
осветлен.
Неуредниот или неосветлен работен
простор може да доведе до несреќи.
Не работете со електричниот апарат во околина
каде постои опасност од експлозија, каде има
запаливи течности, гас или прашина.
Електричните
апарати создаваат искри, кои може да ја запалат правта
или пареата.
Држете ги децата и другите лица подалеку за време
на користењето на електричниот апарат.
Доколку
нешто Ви го попречи вниманието, може да ја изгубите
контролата над уредот.
Електрична безбедност
Приклучокот на електричниот апарат мора да
одговара на приклучокот во ѕидната дозна.
Приклучокот во никој случај не смее да се менува.
Не употребувајте прекинувач со адаптер заедно со
заземјениот електричен апарат.
Неменувањето на
прекинувачот и соодветните ѕидни дозни го намалуваат
ризикот од електричен удар.
Избегнувајте физички контакт со заземјените
површини на цевки, радијатори, шпорет и
фрижидери.
Постои зголемен ризик од електричен
удар, доколку Вашето тело е заземјено.
Електричните апарати држете ги подалеку од дожд
и влага.
Навлегувањето на вода во електричниот
апарат го зголемува ризикот од електричен удар.
Не го користите кабелот за друга намена, за да го
носите електричниот апарат, за да го закачите или
да го влечете приклучокот од ѕидната дозна. Држете
го кабелот понастрана од топлина, масло, остри
рабови или подвижните компоненти на уредот.
Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за
електричен удар.
Доколку со електричниот апарат работите на
отворено, користете само продолжен кабел што е
погоден за користење на надворешен простор.
Користењето на соодветен продолжен кабел на
отворено го намалува ризикот од електричен удар.
Доколку користењето на електричниот апарат во
влажна околина не може да се избегне, користете
заштитен уред со диференцијална струја.
Употребата на заштитниот уред со диференцијална
струја го намалува ризикот од електричен удар.
Безбедност на лица
Бидете внимателни како работите и разумно
користете го електричниот апарат. Не користете
електрични апарати, доколку сте уморни или под
влијание на дрога, алкохол или лекови.
Еден момент
на невнимание при употребата на електричниот апарат
може да доведе до сериозни повреди.
Носете заштитна опрема и секогаш носете заштитни
очила.
Носењето на заштитна опрема, како на пр.маска
за прав, обувки за заштита од лизгање, заштитен шлем
или заштита за слухот, во зависност од видот и
примената на електричниот апарат, го намалува
ризикот од повреди.
Избегнувајте неконтролирано користење на
апаратите. Осигурете се, дека е исклучен
електричниот апарат, пред да го приклучите на
напојување со струја и/или на батерија, пред да го
земете или носите.
Доколку при носењето на
апаратот, сте го ставиле прстот на прекинувачот или сте
го приклучиле уредот додека е вклучен на напојување
со струја, ова може да предизвика несреќа.
Извадете ги алатите за подесување или клучевите за
зашрафување, пред да го вклучите електричниот
апарат.
Доколку има алат или клуч во некој од деловите
на уредот што се вртат, ова може да доведе до повреди.
Избегнувајте абнормално држење на телото.
Застанете во сигурна положба и постојано држете
рамнотежа.
На тој начин ќе може подобро да го
контролирате електричниот апарат во неочекувани
ситуации.
Носете соодветна облека. Не носете широка облека
или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците
подалеку од подвижните делови.
Лесната облека,
накитот или долгата коса може да се зафатат од
подвижните делови.
Доколку треба да се инсталираат уреди за
вшмукување прав, осигурете се дека тие правилно
се приклучени и прикладно се користат.
Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува
опасноста од прав.
Користење и ракување со електричниот апарат
Не го преоптоварувајте уредот. Користете го
соодветниот електричен апарат за Вашата работа.
Со соодветниот електричен апарат ќе работите
подобро и посигурно во зададениот домен на работа.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
OBJ_BUCH-2806-003.book Page 112 Wednesday, October 11, 2017 10:54 AM
Nadal masz pytania?Nie znalazłeś odpowiedzi w instrukcji lub masz inne problemy? Zadaj pytanie w poniższym formularzu i opisz szczegółowo swoją sytuację, aby inni użytkownicy i eksperci mogli udzielić ci odpowiedzi. Jeśli wiesz, jak rozwiązać problem innej osoby, podziel się swoją wiedzą :)