Tesy GCV 1004420 Podgrzewacz wody – Instrukcja obsługi w formacie pdf, czytaj online za darmo. Mamy nadzieję, że okaże się ona pomocna w przypadku jakichkolwiek pytań związanych z użytkowaniem urządzenia.
Jeśli nadal masz wątpliwości, zadaj pytanie w komentarzach pod instrukcją.
"Ładowanie instrukcji" oznacza, że musisz poczekać na pobranie pliku, aby móc go przeczytać online. Niektóre instrukcje są bardzo obszerne, a czas ich ładowania zależy od szybkości łącza internetowego.
Инструкции за употреба и одржување
65
МК
Македонски
3.2.
Бојлери опремени со кабел за напојување без приклучок. Уредот треба да
се поврзе со одделно електрично коло од електричната мрежа. Поврзувањето
треба да биде постојано – без приклучоци за контакт. Колото треба да има
безбедносен осигурувач (16А) и вграден уред кој овозможува дисконекција на
сите полови во случај на прекумерена волтажа од категорија III.
Поврзувањето на проводниците од кабелот за напојување на уредот треба да се
изведе на следниот начин:
•
проводник со кафена изолација – за фазниот проводник на електричните
жици (L)
•
проводник со сина изолација – за неутралниот проводник на жиците (N)
•
проводник со жолто-зелена изолација – за безбедносниот проводник на
жиците (
).
3.3.
Модели без кабел за напојување
Уредот мора да се поврзе со оддело електрично коло од електричната мрежа.
Колото треба да има безбедносен осигурувач 16А (20A за моќност > 3700W).
Треба да се употреби проводник со бакарно единечно јадро (цврсто – не
влакнесто) за поврзувањето - кабел 3 x 2.5 mm2 (кабел 3 x 2.5 mm2 за моќност >
3700W).
Електричното коло кое го напојува уредот мора да има вграден уред кој
овозможува разделување на сите терминални полови во услов на супер-волтажа
од категорија III.
За да ја инсталирате жицата за напојување во бојлерот, отстранете го
пластичниот капак.
Поврзете ги жиците за напојување според ознаките на терминалите, на
следниот начин:
•
фазата – со ознака A, A1, L или L1;
•
неутралната – со N (B или B1 или N1)
•
Безбедносната жица мора задолжително да се поврзе со терминалот
означен со
.
По инсталацијата, вратете го пластичниот капак на своето место!
Објаснување за Сл. 2:
TS – термален прекинувач; TR – термален регулатор; S – прекинувач (за модели
кои имаат); R - греач; IL – светлосен индикатор; F - обрач; KL - терминал;
V.
МАГНЕЗИУМОВА АНОДА ЗА ЗАШТИТА ОД КОРОЗИЈА (ЗА БОЈЛЕРИ СО
САДОВИ СО СЛОЈ ОД СТАКЛО-КЕРАМИКА)
Магнезиумовата анода ја штити внатрешната површина на садот од корозија.
Рокот на употреба на анодата е пет години. Анодниот елемент е елемент кој
подлеж на трошење и потребно е периодично заменување.
Во поглед на долготрајна и безбедна употреба на бојлерот, производителот
препорачува периодични проверки на состојбата на магнезиумовата анода од
страна на квалификуван техничар и замена по потреба, ова може да се изведе
при превентивното одржување на уредот.
За замена, ве молиме контактирајте ги овластените сервис центри!
VI.
РАБОТА
1.
Вклучување
:
Пред да го вклучите уредот за прв пат, осигурајте се дека бојлерот е правилно
поврзан со електричната мрежа и дека е полн со вода.
Бојлерот се вклучува со прекинувач кој е вграден во инсталацијата, како што
е опишано во дел 3.3 од параграф IV, или по поврзување на приклучокот во
електричниот контакт (во случај на продолжен кабел со приклучок).
2.
Бојлери со електромеханичка контрола
Сл. 2a,2b, каде:
1 - Електричен прекинувач (за модели со прекинувач). Има ознака на копчето на
прекинувачот -
2 - Светлосни индикатори
3 - Копче за контрола на термостат (само за модели со прилагодлив термостат)
•
Притиснете и отпуштете го копчето со цел да го вклучите прекинувачот. Ако
се осветли, значи дека е вклучен. Светлото на копчето постојано свети освен ако
не се исклучи копчето или уредот од напојувањето. Светлосните индикатори,
исто така, се вклучуваат (види точка 2.1 подолу).
•
Со цел да го исклучите електричниот прекинувач, притиснете и отпуштете
го копчето повторно. Светењето ќе запре ако е исклучен. Индикаторите ќе
престанат да светат.
2.1.
Светлосни индикатори
Индикатори кои светат црвено – значи дека уредот е во режим на загревање.
Индикатори кои светат сино – значи дека водата е загреана и термостатот е
исклучен, бидејќи е постигната избраната температура.
Индикаторите не се вклучуваат кога:
•
Електричниот прекинувач на уредот е исклучен
•
Напојувањето на уредот е исклучено од електричната мрежа
•
Заштитата според температурата е исклучена – види точка 4 подолу
2.2.
Прилагодување на температура (за модели со прилагодлив термостат)
Ова прилагодување овозможува постепено избирање на посакуваната
температура, што се постигнува со рачка на контролниот панел. Завртете ја
рачката во горна насока, со цел да ја зголемите температрата на топлата вода.
Поставете ја рачката на термостатот за максимална
температура (освен ако не е во оваа позиција постијано), во
текот на цел ден еднаш месечно - види Прилог - I Максимална
температура на термостатот. На тој начин ќе се осигура повисока
хигиена на топлата вода.
ВАЖНО: Моделите кои немаат рачки за контрола на термостатот имаат
автоматска температура на водата која е прилагодена од производителот
- види Прилог I Фабрички зададени температурни подесувања.
Позиција
e
(заштита на енергија) – на овој режим температурата на водата
достигнува околу 60°С. На тој начин се намалува губитокот на топлина.
3.
Режим против замрзнување (сл. 2).
Со ова уредот ја одржува температурата на водата и не дозволува таа да
замрзне.
Електричното напојување на уредот треба да се вклучи, како
и уредот. Заштитниот вентил и цевката меѓу вентилот и
уредот мора да се заштитат од замрзнување. Во случај, поради
било која причина, електричното напојување да се исклучи, постои
ризик од замрзнување на водата во садот за вода. Поради таа
причина, препорачуваме отфрлање на водата од уредот при долги
отсуства (подолго од една недела).
4.
Заштита според температурата (валидно за сите модели).
Уредот е опремен со специјална единица (термален прекинувач) за заштита од
прегревање на водата, што го исклучува уредот од електричната мрежа кога
температурата на водата ќе достигне многу високи вредности.
Кога уредот работи, не се ресетира автоматски и уредот
нема да работи. Повикајте го овластениот сервис центар за
решавање на проблемот.
VII.
МОДЕЛИ ОПРЕМЕНИ СО РАЗМЕНУВАЧ НА ТОПЛИНА
(СЕРПЕНТИНСКА ЦЕВКА) - СЛ.1D И ТАБЕЛА 3; СЛ.1E И ТАБЕЛА 4.
Тоа се уреди со вграден топлообменик и се предназанчени за поврзување на
систем за греење со максималната температура на топлоносачот - 80°C.
Управувањето на протокот во топлообменика е прашање на одлука на
конкретната инсталација, како изборот на управувањето треба да се направи
при нејзиното дизајнирање (пример: надворешен термостат коjи мери
температурата во бојлерот и коjи управува циркулациона пумпа или магнетен
вентил).
Бојлерите со изменувач овозможуваат загревање на водата како што следува
методот:
1.
Со топлоизменувач (серпентина) - основен начин на загревање на водата.
2.
Преку помошен електричен грејач со автоматска контрола вградени во
уредот - се користи кога има потреба од дополнително загревање на водата
или при поправка на системот кон топлообменика (серпентина). Врзувањето
на електричната инсталација и работа со уредот се наведени во претходните
ставови.
Монтирање:
Дополнително на начинот на монтажа назначен погоре, особено за понови
модели, потребно е да се поврзе грејниот елемент со грејната инсталација.
Конекциите треба да се изведат следејќи ја насоката на стрелките на Сл.
1d÷Сл. 1f.
Технички карактеристики ( ТАБЕЛА.
5)
:
Површина на серпентината [m²] - S;
Обем на серпентина [l] - V;
Работен притисок на серпентина [MPa] - P;
Максимална температура на топлоносителя [°C] - Tmax.
Препорачуваме да монтирате вентили на влезните и излезните точки на
разменувачот на топлина. Со запирање на текот на термофорот преку долниот
вентил ќе избегнете несакана циркулација на термофорот при периодите кога
се користи само електричниот греен елемент.
При расклопување на бојлерот опремен со разменувач на топлина мора да ги
затворите двата вентили.
Кон водоспремникот има заварена спојка со внатрешен навој ½” за монтажа
на термосонда - означена со ‘TS”. Во комплетот на апаратот има месинг
напрсток за термосонда, кој треба да биде завиткан кон оваа спојка.
Употреба на диелектрични лежишта за поврзување на
разменувачот на топлина на инсталација со бакарни цевки е
задолжително.
За осигурање на минимална корозија, во инсталацијата мора да
се употребат цевки со ограничена дифузија на гасови.
VIII.
ПЕРИОДИЧНО ОДРЖУВАЊЕ
Под нормална употреба на уредот, под влијанието на високата температура,
бигорот /т.н. слој од бигор/ се натрупува на површината на грејните елементи.
Ова ја влошува размената на топлина меѓу грејниот елемент и водата.
Површинската температура на грејниот елемент се зголемува заедно со /
зовриената вода/. Терморегулаторот се вклучува и исклучува почесто.
Можна е „лажна“ активација на термичката заштита. Поради овие факти,
производителот препорачува превентивно одржување на бојлерот на секои
две години од страна на овластениот сервис центар. Ова заштитно одржување
мора да вклучува чистење и инспеција на заштитата на анодата (за бојлери со
слој од стакло-керамика), која треба да се замени ако е потребна нова.
Со цел да се исчисти уредот, употребете влажна крпа. Не чистете со абразивни
детергенти или детергенти кои содржат растворувачи. Не налевајте вода на
бојлерот.
Производителот не прифаќа одговорност за било какви последици
предизвикани со непочитување на инструкциите назначени во овој документ.
Инструкции за заштита на околината
Старите електрични уреди содржат вредни материјали и според
тоа не треба да се фрлаат заедно со домашниот отпад. Ве
замолуваме да го извршите вашиот активен придонес за заштита
на ресурсите и околината со предавање на уредот во овластените
станици за купување на стари уреди (ако постојат).
Spis treści
- 2 WAŻNE; zawartym w treści niniejszej instrukcji.; Montaż; do pracy w stałym przepływie wody.; Połączenie podgrzewacza do sieci wodociągowej; nadmiar wody przez wbudowany w nim otwór drenażowy.; W przypadku opróżniania podgrzewacza,
- 3 Notatka; Aby uniknąć szkód dla konsumenta i osób trzecich z powodu; NOTATKA: ZESTAW NIE ZAWIERA ZBIORNIKA OCHRONNEGO.
- 4 Raz w miesiącu postawiajcie ten uchwyt w pozycji maksymalnej
Nadal masz pytania?Nie znalazłeś odpowiedzi w instrukcji lub masz inne problemy? Zadaj pytanie w poniższym formularzu i opisz szczegółowo swoją sytuację, aby inni użytkownicy i eksperci mogli udzielić ci odpowiedzi. Jeśli wiesz, jak rozwiązać problem innej osoby, podziel się swoją wiedzą :)