Bosch EasyCut 12 (06033C9020) Piła łańcuchowa – Instrukcja obsługi w formacie pdf, czytaj online za darmo. Mamy nadzieję, że okaże się ona pomocna w przypadku jakichkolwiek pytań związanych z użytkowaniem urządzenia.
Jeśli nadal masz wątpliwości, zadaj pytanie w komentarzach pod instrukcją.
"Ładowanie instrukcji" oznacza, że musisz poczekać na pobranie pliku, aby móc go przeczytać online. Niektóre instrukcje są bardzo obszerne, a czas ich ładowania zależy od szybkości łącza internetowego.
Македонски |
63
Bosch Power Tools
1 609 92A 3R3 | (15.12.16)
Совети за работа (види слики C – F)
При обработка на мали или тенки парчиња, секогаш
користете стабилна подлога.
При пилење внимавајте на правецот на сечење од
напред наназад (види слика E) или од горе надолу
(види слика C)!
Не носете го електричниот алат на рачниот зглоб!
Јамката за закачување е наменета само за складирање.
Сечете со масивен притисок за да добиете оптимален и
прецизен резултат од сечењето. Дополнителниот
притисок ја зголемува јачината.
Доколку се заглави листот за пилата, веднаш исклучете го
електричниот апарат. Раширете го процепот што сте го
направиле при сечењето со соодветен алат и извлечете го
електричниот апарат.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот апарат. При преголемо оптоварување или
надминување на границите на дозволена температура на
батеријата, електричниот апарат се исклучува. При
автоматско исклучување, исклучете го електричниот
апарат, оставете ја батеријата да се олади и повторно
вклучете го електричниот апарат.
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во граници на температура од
– 20 ° C до 50 ° C. не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот летно време.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека
батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење (види слика G)
Пред секое работење на електричниот алат (на пр.
одржување, промена на алатот итн.) извадете ја
батеријата од електричниот алат.
При невнимателно
ракување со прекинувачот за
вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
Чистете го листот за пила и уредот за лист за пила
само кога е сув. За да отстраните длабоко навлезена
нечистотија, употребете прецизна четка.
Листот за пила не мора да се одржува. Ланецот на листот за
пила не мора да се подмачкува.
Редовно чистете го SDS-прифатот за лист за пила .
За
тоа, извадете го листот за пила од електричниот алат и
тропнете лесно со алатот на рамна површина.
Јаката нечистотија на електричниот апарат може да
доведе до пречки во функцијата. Поради тоа,
материјалите од кои се создава многу прав при сечењето,
не ги сечете од долу или над главата.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на
Законот за опасни материјали. Батериите може да се
транспортираат само од страна на корисникот, без
потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте
ја батеријата на тој начин што нема да се движи во
амбалажата.
Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни
национални прописи.
Отстранување
Електричните апарати, батериите, опремата и
амбалажите треба да се отстранат на еколошки
прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во
домашната канта за ѓубре!
OBJ_BUCH-3108-001.book Page 63 Thursday, December 15, 2016 12:42 PM
Spis treści
- 5 Polski; Wskazówki bezpieczeństwa; OSTRZEZENIE
- 7 Opis urządzenia i jego zastosowania; Użycie zgodne z przeznaczeniem
- 8 Montaż; Ładowanie akumulatora; Odsysanie pyłów/wiórów
- 9 Praca; Uruchamianie; Konserwacja i serwis
- 10 Transport; Česky; Bezpečnostní upozornění; Všeobecná varovná upozornění pro elektronářadí; VAROVÁNÍ
Nadal masz pytania?Nie znalazłeś odpowiedzi w instrukcji lub masz inne problemy? Zadaj pytanie w poniższym formularzu i opisz szczegółowo swoją sytuację, aby inni użytkownicy i eksperci mogli udzielić ci odpowiedzi. Jeśli wiesz, jak rozwiązać problem innej osoby, podziel się swoją wiedzą :)