Bosch PKS 40 Piła elektryczna – Instrukcja obsługi w formacie pdf, czytaj online za darmo. Mamy nadzieję, że okaże się ona pomocna w przypadku jakichkolwiek pytań związanych z użytkowaniem urządzenia.
Jeśli nadal masz wątpliwości, zadaj pytanie w komentarzach pod instrukcją.
"Ładowanie instrukcji" oznacza, że musisz poczekać na pobranie pliku, aby móc go przeczytać online. Niektóre instrukcje są bardzo obszerne, a czas ich ładowania zależy od szybkości łącza internetowego.
Македонски |
73
Bosch Power Tools
1 609 92A 06F | (11.4.13)
минимум опасноста од телесен контакт, заглавување на
листот на пилата или губење на контролата.
Држете го електричниот апарат само за
изолираните површини на рачките, доколку вршите
работи каде алатот што се вметнува може да наиде
на скриени електрични кабли или сопствениот
струен кабел.
Контактот со електрични спроводници
исто така и металните делови од електричниот апарат ги
става под напон и води до електричен удар.
При должинско сечење секогаш употребувајте
граничник или аголна водилка.
Ова ја подобрува
прецизноста при сечење и ја намалува можноста да се
заглави листот на пилата.
Секогаш користете листови за пила во правилна
големина и со соодветен отвор на прифатот (на пр.
во облик на ѕвезда или тркалезен).
Листовите за
пила, што не одговараат на монтажните делови на
пилата, нема да сечат рамно и може да доведат до
губење на контролата.
Никогаш не употребувајте оштетени или погрешни
подлошки или шрафови за листот за пилата.
Подлошките или шрафовите за листот на пилата се
специјално конструирани за вашата пила, за оптимална
јачина или работна безбедност.
Последици од повратни удари – и соодветни
безбедносни напомени
– повратниот удар е ненадејна реакција поради
закачен, заглавен или погрешно насочен лист од
пилата, што доведува до тоа пилата неконтролирано да
се подигне и да излезе од делот што се обработува и да
се придвижи во правец на лицето што ја користи;
– доколку листот на пилата се закачи или заглави во
резниот процеп, се блокира, и моторната сила ја враќа
пилата во правец на лицето што ја користи;
– доколку листот на пилата се изврти или погрешно го
насочи резот на пилата, запците на задната ивица од
листот на пилата може да се закачат на површината на
делот што се обработува, при што листот на пилата се
вади од резниот процеп и ја придвижува пилата во
правец на лицето што ја користи.
Повратниот удар е последица од погрешна употреба на
пилата. Тој може да се спречи со соодветни прописни
мерки, како што е опишано подолу.
Држете ја цврсто пилата со двете дланки и
наместете ги рацете во позиција во која ќе може да
ја издржите повратната сила. Секогаш застанувајте
бочно од листот за пилата, никогаш не го водете
листот на пилата во иста линија со телото.
Во случај
на повратен удар, пилата може да отскокне наназад, но
корисникот може да ја совлада доколку ги презел
соодветните мерки.
Доколку се заглави листот на пилата или Вие ја
прекинете работата, исклучете ја пилата и држете ја
мирно во делот што се обработува, додека листот на
пилата не дојде во состојба на мирување. Никогаш
не се обидувајте да ја извадите пилата од делот што
се обработува или да ја влечете наназад, доколку
листот на пилата се движи, бидејќи така може да
настане повратен удар.
Откријте ја причината за
заглавување на листот на пилата и преземете ги
соодветните мерки.
Доколку сакате повторно да ја стартувате пилата
што е заглавена во делот што се обработува,
центрирајте го листот на пилата во резниот процеп и
проверете, дали се заглавени запците од пилата во
делот што се обработува.
Доколку е заглавен листот
на пилата, тој може да излезе од делот што се
обработува и да предизвика повратен удар, доколку
пилата одново се стартува.
Потпрете со големи плочи, за да го избегнете
ризикот од повратен удар поради заглавен лист од
пилата.
Големите плочи може да се свиткаат под
својата тежина. Плочите мора да ги потпрете на двете
страни, како во близина на местото на сечење, така и на
ивиците.
Не користете тапи или оштетени листови за пила.
Листовите на пилата со тапи или неправилни запци,
заради претесниот резен процеп, предизвикуваат
зголемено триење и заглавување на листот на пилата
или повратен удар.
Пред сечењето со пила зацврстете ги шрафовите за
подесување на длабочината и аголот на сечење.
Доколку за време на сечењето се променат поставките,
листот на пилата може да се заглави и да настане
повратен удар.
Особено бидете претпазливи при длабинско сечење
во скриено подрачје, како на пример, во ѕид.
Листот
на пилата може да се блокира при сечењето во скриени
предмети или да предизвика повратен удар.
Пред секое користење, проверете дали долната
заштитна хауба се затвора беспрекорно. Не ја
користете пилата доколку долната заштитна хауба
не се врти слободно или не се затвора веднаш. Не ја
затегнувајте и зацврстувајте долната заштитна
хауба никогаш во отворена позиција.
Доколку пилата
падне на под поради невнимание, долната заштитна
хауба би можела да се оштети. Отворете ја заштитната
хауба со лостот за повлекување може слободно да се
движи и дали во секој агол и длабочина на сечење не го
ниту допира листот на пилата ниту другите делови.
Проверете ја функцијата на пружината на
заштитната хауба. Доколку долната заштитна хауба
и пружината не се беспрекорни, пилата треба да ја
пратите на одржување пред да ја употребите.
Оштетените делови, насобраната прашина или
струготини ја забавуваат функцијата на заштитната
хауба.
Отворете ја долната заштитна хауба со рака, за
специјални резови како „за резови со вдлабнување
и аголни резови“. Отворете ја долната заштитна
хауба со лостот за повлекување и отпуштете го штом
ќе вдлабне листот на пилата во делот што се
обработува.
При секое друго работење со пила,
долната заштитна хауба мора автоматски да работи.
OBJ_BUCH-192-004.book Page 73 Thursday, April 11, 2013 11:18 AM
Spis treści
- 5 Polski; Wskazówki bezpieczeństwa; OSTRZEZENIE
- 8 Opis urządzenia i jego zastosowania; Użycie zgodne z przeznaczeniem
- 9 Deklaracja zgodności; Montaż; Mocowanie/wymiana tarczy tnącej; Odsysanie pyłów/wiórów
- 10 Praca; Rodzaje pracy
- 11 Konserwacja i serwis; Konserwacja i czyszczenie
- 12 Usuwanie odpadów; Česky; Bezpečnostní upozornění; Všeobecná varovná upozornění pro elektronářadí; VAROVÁNÍ
Nadal masz pytania?Nie znalazłeś odpowiedzi w instrukcji lub masz inne problemy? Zadaj pytanie w poniższym formularzu i opisz szczegółowo swoją sytuację, aby inni użytkownicy i eksperci mogli udzielić ci odpowiedzi. Jeśli wiesz, jak rozwiązać problem innej osoby, podziel się swoją wiedzą :)