STIGA Combi 48 SVQ 2L0487848/ST1 Kosiarka – Instrukcja obsługi w formacie pdf, czytaj online za darmo. Mamy nadzieję, że okaże się ona pomocna w przypadku jakichkolwiek pytań związanych z użytkowaniem urządzenia.
Jeśli nadal masz wątpliwości, zadaj pytanie w komentarzach pod instrukcją.
"Ładowanie instrukcji" oznacza, że musisz poczekać na pobranie pliku, aby móc go przeczytać online. Niektóre instrukcje są bardzo obszerne, a czas ich ładowania zależy od szybkości łącza internetowego.
MK - 2
•
Не го приближувајте резервоарот до отворен оган, за да ја
проверите содржината.
•
Доколку ви се истури гориво, не го стартувајте моторот, и
преместете ја машината подалеку од местото, и почекајте
додека да испари горивото.
•
Веднаш исчистете го секој остаток од истуреното гориво врз
косилката или на земја.
•
Безбедно заменувајте го капачето на резервоарот, и садовите
со гориво.
•
Не ја стартувајте косилката на истото место каде сте
дополнувале гориво; стартувањето на моторот треба да се
одвива на најмалку 3 метри оддалеченост од местото каде сте
дополнувале гориво.
•
Да се избегнува истекувањето на горивото на работната
облека и во спротивно да се смени истата пред палење на
моторот.
2.3
ВО ТЕКОТ НА РАБОТАТА
Област за работа
•
Не го палете моторот во затворен простор каде што може да
се акумулира јаглерод моноксид. Операцијата на стартување
треба да се одвива на отворен простор или во простории со
провев. Не заборавајте дека издувните гасови можат да бидат
токсични.
•
Кога ја стартувате косилката, не насочувајте го придушувачот, а
со тоа и издувните гасови кон запаливите материи..
•
Не користете ја машината во средина каде постои ризик од
експлозија, во присуство на запаливи материи, гасови или
нечистотија. Електричните делови предизвикуваат искри што
може да ги запалат нечистотиите или испарувањата.
•
Работете само на дневна светлина или при добро вештачко
осветление и при услови на добра видливост.
•
Оддалечете ги лицата, децата и животните од областа за
работа. Не може да се чуваат деца додека се користи на
машината, тие треба да бидат чувани од друго лице.
•
Избегнувајте да работите на мокра трева, кога врне и кога
ризик од временска непогода, особено грмотевици.
•
Обрнете особено внимание на нерамнините на теренот (грутки,
канали), закосувањата, сокриени опасности и на присуството
на дадени опасности коишто може да ја попречат видливоста.
•
Обрнете особено внимание во присуство на стрмнини, дупки
или препреки. Машината може да се преврти ако едното
тркало поминува преку раб или ако работ е закосен.
•
Работете секогаш надолжно во однос на косината, во правец
нагоре/надолу, но никогаш попреку внимавајќи при тоа на
менувањето на правецот одржувајќи правилна потпора и да
избегнувате тркалата да удираат на пречки (камења, гранки,
корења и сл.) со што може да се предизвика странично
лизгање, превртување или загуба на контролата врз машината.
•
Внимавајте на сообраќајот кога машината се користи во
близина на пат.
•
За да го избегнете ризикот од пожар, не ја оставајте машината
со врел мотор на лисја или на сува трева или друг запалив
материјал.
Однесување
•
Обрнете внимание кога одите во рикверц или наназад.
Погледнете зад неа пред и при движење наназад за да
обезбедите дека нема никакви пречки.
•
Никогаш не трчајте, туку одете.
•
Избегнувајте да ја влечете тревокосачката.
•
Секогаш држете ги рацете и нозете подалеку од уредот со
сечивото, особено при палење на моторот и додека работите
со машината.
•
Внимание: сечилото продолжува да се врти уште неколку
секунди откако ќе се исклучи или откако ќе го изгаснете
моторот.
•
Држете растојание од отворот за исфрлање.
•
Да не се допираат деловите на моторот при работа бидејќи се
топли, . постои ризик од изгореници.
Во случај на дефект или инциденти во текот на работата,
веднаш исклучете го моторот и оддалечете ја машината
внимавајќи да не предизвикате други оштетувања Во случај
на инцидент со лична повреда или повреда на трето лице,
пристапете веднаш кон постапката за давање најсоодветна
прва помош за дадената состојба и обратете се во соодветен
центар за здравствена заштита за неопходно лекување.
Отстранете ги темелно сите остатоци од косењето што може
да предизвикаат дефект или повреди на лица или животни
ако останат незабележано во машината.
Ограничување при употреба
•
Никогаш не ракувајте со машината кога обезбедувачите се
оштетени, нецелосни или неправилно монтирани (корпа за
трева, обезбедувачи за странично исфрлање, обезбедувачи за
задно исфрлање).
•
Не користете ја машината ако дополнителната/помошната
опрема не е поставена на дадените точки.
•
Не исклучувајте, дезактивирајте, вадете ги манометарот и
поставените безбедносни системи/микропрекинувачи.
•
Да не се изменуваат функциите на моторот ниту пак да се
турира. Доколку моторот работи со претеран број на вртења
ризикот од повреди се зголемува.
•
Не изложувајте ја машината на непотребни сили и не користете
мала машина за изведување тешки работи; адекватно
користење на машината го намалува ризикот и го подобрува
квалитетот на работата.
2.4
ОДРЖУВАЊЕ, ЧУВАЊЕ И ТРАНСПОРТ
Редовно одржувајте и правилно одложете ја машината за да ја
одржите безбедноста на машината и нивото на работа.
Одржување
•
Никогаш не користете ја машината со користени или оштетени
делови. Оштетените или дефектните делови треба да се
заменат, никогаш да не се поправаат.
•
Контролирајте редовно да не има губење на масло и/или
гориво за да се намали ризикот од пожари.
•
Во текот на операциите за регулирање на машината, обрнете
внимание и избегнувајте прстите да ви се наоѓаат заглавени
во уредот со сечивото во движење и фиксните делови на
машината.
Дадените нивоа за бучава и вибрации во ова упатство се
максимални вредности при употреба на машината. Употребата
на елемент за косење којшто не е стабилен, движењето
со преголема брзина, неодржувањето на машината
значително влијаат врз емисијата на бучава или вибрации.
Затоа, неопходно е да применувате заштитни мерки за да
елиминирате можни оштетувања заради зголемена бучава
или значителни вибрации; Редовно одржувајте ја машината,
носете слушалки против бучава и правете паузи во работата.
Одлагање
•
Никогаш ја складирајте косилката со гориво во резервоарот, во
просторија каде испарувањата од горивото може да допрат до
отворен пламен, искра или до извор на топлина.
•
За намалување на ризикот од оган, не оставајте полни
контејнери во затворен простор.
2.5
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Заштитата на животната средина треба да се извршува
релевантно и приоритетно при употреба на машината во корист
на граѓанските погодности и на просторот во кој живееме.
•
Избегнувајте појава на елементи што го нарушуваат
непосредното опкружување. Користете ја машината само во
разумно време (не многу рано наутро и доцна навечер кога
може да ги вознемирите луѓето).
Nadal masz pytania?Nie znalazłeś odpowiedzi w instrukcji lub masz inne problemy? Zadaj pytanie w poniższym formularzu i opisz szczegółowo swoją sytuację, aby inni użytkownicy i eksperci mogli udzielić ci odpowiedzi. Jeśli wiesz, jak rozwiązać problem innej osoby, podziel się swoją wiedzą :)