Makita ELM4621 Kosiarka – Instrukcja obsługi w formacie pdf, czytaj online za darmo. Mamy nadzieję, że okaże się ona pomocna w przypadku jakichkolwiek pytań związanych z użytkowaniem urządzenia.
Jeśli nadal masz wątpliwości, zadaj pytanie w komentarzach pod instrukcją.
"Ładowanie instrukcji" oznacza, że musisz poczekać na pobranie pliku, aby móc go przeczytać online. Niektóre instrukcje są bardzo obszerne, a czas ich ładowania zależy od szybkości łącza internetowego.
210
МАКЕДОНСКИ
4.
Имајте предвид дека ракувачот или
корисникот е одговорен за каква било
несреќа или опасност што може да им се
случи на другите лица или нивниот имот.
5.
При ракувањето со косилката, секогаш
носете соодветни обувки и долги
панталони. Не ракувајте со косилката
боси или кога носите отворени сандали.
Избегнувајте да носите широка облека или
накит со висечки кабли и врвки. Тие може да
се заплеткаат во подвижните делови.
6.
Секогаш носете заштитни очила за да ги
заштитите очите од повреда кога користите
електрични алати. Очилата мора да се
усогласени со ANSI Z87.1 во САД, EN 166 во
Европа или AS/NZS 1336 во Австралија/Нов
Зеланд. Во Австралија/Нов Зеланд исто така
постои законска обврска за носење штитник
за лице за да си го заштитите лицето.
Работодавачот е одговорен дали
операторите со алатот и другите лица
во непосредната работна околина носат
соодветна безбедносна заштитна опрема.
7.
Пред употребата, проверете го
напојувањето и кабелот за знаци на
оштетување или истрошеност. Ако
кабелот се оштети при користењето,
веднаш исклучете го од напојувањето. Не
допирајте го кабелот пред да го исклучите
напојувањето. Не користете ја косилката ако
кабелот е оштетен или истрошен.
8.
Ракувајте со косилката само на дневна
светлина или добро вештачка светлина.
9.
Избегнувајте да ракувате со косилката на
влажна трева.
10.
Никогаш не ракувајте со косилката на дожд.
11.
Секогаш цврсто држете ја рачката.
12.
Секогаш внимавајте како газите по стрмни падини.
13.
Одете, никогаш не трчајте.
14.
Не фаќајте ги изложените сечила или
рабови за сечење кога ја кревате или
држите косилката.
15.
Физичка состојба - не ракувајте со
косилката ако сте под влијание на
наркотични средства, алкохол или какви
било лекарства.
16.
Држете ги рацете и стапалата подалеку од
ротирачките сечила. Внимание - сечилата
продолжуваат да се вртат откако ќе се
исклучи косилката.
17.
Користете само оригинални сечила од
производителот назначени во ова упатство.
18.
Пред работата, внимателно проверете
дали на сечилата има пукнатини или
оштетувања. Ако на сечилата има пукнатини
или оштетувања, заменете ги веднаш.
19.
Уверете се да нема други луѓе во подрачјето
пред да започнете со косење. Запрете ја
косилката ако некој влезе во подрачјето.
20.
Отстранете ги туѓите предмети, како што се
камења, жици, шишиња, коски и поголеми
стапчиња од работното подрачје пред да
започнете со косење за да спречите телесна
повреда или оштетување на косилката.
21.
Ако забележите нешто необично, веднаш
запрете со работа. Исклучете ја косилката
и извадете го кабелот за напојување
од напојувањето. Потоа, проверете ја
косилката.
22.
Никогаш не обидувајте се да вршите
нагодувања на висината на тркалата додека
косилката е вклучена.
23.
Отпуштете го лостот на прекинувачот и
почекајте сечилото да запре со вртење пред
да преминете преку улица, патека, пат и
какви било области покриени со чакал. Исто
така, извадете го кабелот за напојување од
напојувањето ако ја оставите косилката, се
обидете да подигнете или да отстраните
нешто од пред вас или заради некоја
друга причина што може да ви го одвлече
вниманието од работата што ја извршувате.
24.
Предметите заглавени во сечилото на
косилката може да предизвикаат тешки
повреди кај луѓето. Тревникот треба
секогаш внимателно да се прегледа и да
се расчисти од сите предмети пред секое
косење.
25.
Ако косилката удри во туѓ предмет, следете
ги овие чекори:
- Запрете ја косилката, отпуштете го
лостот на прекинувачот и почекајте додека
сечилото целосно не застане.
- Извадете го кабелот за напојување од
напојувањето.
- Внимателно проверете дали на косилката
има какви било оштетувања.
- Заменете го сечилото ако е оштетено
на каков било начин. Поправете ги сите
оштетувања пред одново да ја стартувате и
да продолжите да ракувате со косилката.
26.
Често проверувајте дали корпата за трева
е изабена или дотраена. Пред складирање,
секогаш уверете се дека корпата за трева
е празна. Заменете ја изабената корпа за
трева со нова фабричка резерва заради
безбедност.
27.
Бидете многу внимателни кога ја враќате во
рикверц или кога ја влечете косилката кон
вас.
28.
Сопрете го сечилото(ата) ако треба да ја
навалите косилката за да ја пренесете
преку површини што не се тревни и кога ја
пренесувате косилката до и од подрачјето
што треба да се коси.
Spis treści
- 10 DANE TECHNICZNE; Przeznaczenie
- 11 Dotyczy niskonapięciowych sieci; Drgania
- 12 OSTRZEŻENIA DOTYCZĄCE; WAŻNE ZASADY; Wszystkie ostrzeżenia i instruk
- 14 ZACHOWAĆ NINIEJSZE; MONTAŻ; Montaż uchwytu
- 15 OPIS DZIAŁANIA
- 16 OBSŁUGA; Koszenie; Koszenie wysokiej trawy; KONSERWACJA; Konserwacja po koszeniu
- 17 Przechowywanie; AKCESORIA OPCJONALNE
Nadal masz pytania?Nie znalazłeś odpowiedzi w instrukcji lub masz inne problemy? Zadaj pytanie w poniższym formularzu i opisz szczegółowo swoją sytuację, aby inni użytkownicy i eksperci mogli udzielić ci odpowiedzi. Jeśli wiesz, jak rozwiązać problem innej osoby, podziel się swoją wiedzą :)