Makita ELM3320 Kosiarka – Instrukcja obsługi w formacie pdf, czytaj online za darmo. Mamy nadzieję, że okaże się ona pomocna w przypadku jakichkolwiek pytań związanych z użytkowaniem urządzenia.
Jeśli nadal masz wątpliwości, zadaj pytanie w komentarzach pod instrukcją.
"Ładowanie instrukcji" oznacza, że musisz poczekać na pobranie pliku, aby móc go przeczytać online. Niektóre instrukcje są bardzo obszerne, a czas ich ładowania zależy od szybkości łącza internetowego.
195
МАКЕДОНСКИ
Вклучување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Пред да го
приклучите алатот, секогаш проверете
дали лостот на прекинувачот функционира
правилно и дали се враќа во положбата
„Исклучено“ („OFF“) кога ќе се отпушти.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
За ваша безбедност,
оваа машина е опремена со копче за
деблокирање коешто спречува ненамерно
стартување на алатот. Никогаш не користете
ја машината ако се вклучи со повлекување на
лостот на прекинувачот без да се притисне
копчето за деблокирање. Однесете ја на
поправка во вашиот локален сервисен центар
на Makita
.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Никогаш не
исклучувајте ја функцијата за заклучување
и не лепете го со леплива лента копчето за
деблокирање.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не повлекувајте го лостот на
прекинувачот на сила без да го притиснете
копчето за деблокирање. Прекинувачот може
да се скрши.
За да ја стартувате машината, притиснете го копчето
за деблокирање, а потоа притиснете го лостот на
прекинувачот. За да ја запрете машината, отпуштете
го лостот на прекинувачот.
►
Сл.15:
1.
Лост на прекинувач
2.
Копче за
деблокирање
Индикатор за ниво на корпата за трева
Индикаторот за ниво на корпата за трева се отвора
при косењето ако корпата за трева не е полна. Ако
корпата за трева е полна, индикаторот за ниво се
затвора при косењето. Ако е полна, испразнете ја
корпата за трева пред да почнете со косење.
►
Сл.16:
1.
Индикатор на ниво
►
Сл.17:
1.
Индикатор на ниво
Нагодување на висината на рачката
Висината на рачката може да се нагоди на три
нивоа. Одвртете ги рачните навртки додека ја
држите рачката, нагодете ја висината на рачката
така што ќе ја порамните стрелката со една од
ознаките и потоа затегнете ги рачните навртки.
►
Сл.18:
1.
Рачна навртка
2.
Ознака
3.
Стрелка
Систем за заштита на моторот
(релеј за прекумерна струја)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Ако машината
ненадејно запре додека ја користите,
отпуштете го лостот на прекинувачот
и исклучете го продолжниот кабел. Во
спротивно, машината може ненадејно да се
рестартира и да предизвика повреда.
ВНИМАНИЕ:
Пред да го отстраните
предметот што го блокира сечилото, ставете
ракавици и исклучете го продолжниот кабел од
штекер за напојување.
Доколку исечена трева или земја предизвикува
блокирање внатре во главното тело, машината
автоматски запира за да го заштити моторот (релеј
за прекумерна струја). Во овој случај, исклучете
го продолжниот кабел од штекер за напојување,
отстранете го материјалот што го предизвикува
блокирањето и оставете ја машината да се излади
неколку минути пред повторно да ја вклучите.
НАПОМЕНА:
Релејот за прекумерна струја може
да се активира кога влажна или долга трева ќе се
заглави внатре во главното тело.
РАБОТЕЊЕ
Косење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Пред да започнете
со косење, расчистете ги стапчињата и
камењата од областа што се коси. Следно,
однапред расчистете ја сета плевел од областа
што се коси.
►
Сл.19
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Секогаш носете
заштитна маска или заштитни очила со
странични штитници кога работите со
косилката.
ВНИМАНИЕ:
Доколку исечената трева или
туѓ предмет ја блокира внатрешноста на телото
на косилката, исклучете го напојувањето,
а потоа извадете го продолжниот кабел од
штекерот за напојување. Пред да ја отстраните
тревата или туѓиот предмет, ставете ракавици.
ВНИМАНИЕ:
Монтирајте ја корпата за
трева пред да работите со машината.
ЗАБЕЛЕШКА:
Оваа машина користете ја само
за косење тревници. Не косете плевел со оваа
машина.
Цврсто држете ја рачката со двете раце при
косењето.
►
Сл.20
Упатството за брзината на косење е приближно еден
метар за четири секунди.
►
Сл.21
Започнете со косење во близина на штекерот за
напојување за да се уверите дека продолжниот
кабел не претставува пречка.
►
Сл.22:
1.
Штекер за напојување
2.
Продолжен
кабел
Nadal masz pytania?Nie znalazłeś odpowiedzi w instrukcji lub masz inne problemy? Zadaj pytanie w poniższym formularzu i opisz szczegółowo swoją sytuację, aby inni użytkownicy i eksperci mogli udzielić ci odpowiedzi. Jeśli wiesz, jak rozwiązać problem innej osoby, podziel się swoją wiedzą :)