Bosch ART 26 18 LI Kosiarka – Instrukcja obsługi w formacie pdf, czytaj online za darmo. Mamy nadzieję, że okaże się ona pomocna w przypadku jakichkolwiek pytań związanych z użytkowaniem urządzenia.
Jeśli nadal masz wątpliwości, zadaj pytanie w komentarzach pod instrukcją.
"Ładowanie instrukcji" oznacza, że musisz poczekać na pobranie pliku, aby móc go przeczytać online. Niektóre instrukcje są bardzo obszerne, a czas ich ładowania zależy od szybkości łącza internetowego.
154
| Македонски
F 016 L81 061 | (28.1.14)
Bosch Power Tools
Ракување
Оваа косачка не е наменета на личности (и деца) со
ограничени физички, сензорни или душевни
можности, со недостаток на искуство и знаење, освен
ако не им се обезбедени соодветни инструкции или
надзор за употреба на косачката од страна на личност
одговорна за нивната безбедност.
Внимавајте децата да не си играат со косачката.
Никогаш не дозволувајте им на деца или на необучени
лица да гo употребуваат тримерот. Државните прописи
можат да ја ограничат возраста на ракувачот. Тримерот
чувајте го вон дофат на деца и кога не е во употреба.
Не употребувајте го тримерот со оштетени или
истрошени штитници, или ако штитниците не се
монтирани.
Пред употреба и после удар проверете дали е уредот
оштетен или изабен и спроведете ги евентуалните
потребни поправки.
Не употребувајте ја машината ако сте уморни, болни
или под влијание на алкохол, лекови или дрога.
Носете долги пантолони од крут материјал, цврсти
чевли и ракавици. Не носете лабава облека, накит, куси
пантолони, и сандали и не работете боси. Ако имате
долга коса, врзете ја над рамената, за да спречите
нејзино заплеткување во подвижните делови на
уредот.
Кога уредот е во употреба носете заштитни очила и
слушалки.
Стојте стабилно и секогаш одржувајте рамнотежа. Не
исцрпувајте се.
Никогаш не користете го тримерот кога во близина има
други лица, а особено деца или животни.
Ракувачот е одговорен за штетата нанесена на други
луѓе или имот.
Почекајте сечилото потполно да застане пред да го
допрете. Сечилото продолжува да ротира и откако
моторот на уредот ќе згасне и може да предизвика
повреда.
Работете само при дневна светлина или при добро
осветлување.
Не работете со тримерот при лоши временски услови, а
посебно при грмотевици.
Употребата на тримерот на влажна трева ја намалува
неговата ефикасност.
Згаснете го уредот кога го пренесувате до и од местото
на работа.
Веднаш згаснете го уредот ако Вашите нозе или раце се
преблиску до сечилото.
Не приближувајте ги нозете и рацете до вртечките
елементи на сечилото.
Пред замена на сечилото извадете ја батеријата.
Никогаш не употребувајте метални елементи за
сечилото на овој тример.
Редовно проверувајте го и одржувајте го тримерот.
Тримерот носете го на поправка само во овластен
сервис.
Секогаш проверувајте отворите за воздух да не се
затнати од искосените отпадоци.
Извадете ја батеријата:
– секогаш кога уредот го оставате без надзор на
извесно време
– за замена на сечилото
– за чистење или поправка
Чувајте го уредот на безбедно, суво место вон дофат на
деца. Не ставајте други предмети на уредот.
Поради безбедносни причини, веднаш заменете ги
истрошените или оштетените делови.
Секогаш користете Bosch оригинални резервни
делови.
Никогаш не користете го уредот ако на него не се
монтирани придружните делови.
Напомени за оптимално користење на
батериите
Осигурајте се дека косачката е исклучена пред да и
ја ставите батеријата.
Ставањето на батеријата додека
косачката работи може да предизвика несреќа.
Полначот држете го подалеку од дожд и влага.
Навлегувањето на вода во полначот го зголемува
ризикот од електричен удар.
Батеријата полнете ја само со полначи препорачани
од Bosch.
Полнач што е погоден за полнење на еден
вид батерии може да предизвика пожар кога се користи
за полнење на некој друг, несоодветен вид на батерии.
Не полнете други батерии.
Полачот е наменет само за
Бош литиум-јонски батерии со волтажа опишана во
техничките карактеристики. Во спротивно, постои
ризик од пожар и од експлозија.
Одржувајте ја чистотата на полначот.
Доколку се
извалка, постои опасност од електричен удар.
Пред секое користење, проверете го полначот,
кабелот и приклучокот. Не го користете полначот,
доколку приметите оштетувања. Не го отворајте
сами полначот и оставете го на поправка кај
квалификуван стручен персонал кој ќе користи
само оригинални резервни делови.
Оштетениот
полнач, кабел и приклучок го зголемува ризикот за
електричен удар.
Не го користете полначот на лесно запалива подлога
(на пр. хартија, текстил итн.) односно во запалива
околина.
Постои опасност од пожар заради
затоплувањето на уредот што произлегува при
полнењето.
Употребувајте само Бош батерии наменети за оваа
косачка.
Употребата на некои други батерии може да
предизвика повреда или пожар.
Кога не ја користите батеријата, чувајте ја
понастрана од парички, спојувалки, клучеви, шајки,
завртки и други метални предмети што можат да
направат спој од едниот до другиот пол.
Краток спој
OBJ_BUCH-1981-002.book Page 154 Tuesday, January 28, 2014 3:51 PM
Nadal masz pytania?Nie znalazłeś odpowiedzi w instrukcji lub masz inne problemy? Zadaj pytanie w poniższym formularzu i opisz szczegółowo swoją sytuację, aby inni użytkownicy i eksperci mogli udzielić ci odpowiedzi. Jeśli wiesz, jak rozwiązać problem innej osoby, podziel się swoją wiedzą :)