Saeco SM6480/00 Ekspres do kawy – Instrukcja obsługi w formacie pdf, czytaj online za darmo. Mamy nadzieję, że okaże się ona pomocna w przypadku jakichkolwiek pytań związanych z użytkowaniem urządzenia.
Jeśli nadal masz wątpliwości, zadaj pytanie w komentarzach pod instrukcją.
"Ładowanie instrukcji" oznacza, że musisz poczekać na pobranie pliku, aby móc go przeczytać online. Niektóre instrukcje są bardzo obszerne, a czas ich ładowania zależy od szybkości łącza internetowego.
502
Македонски
1
Нанесете тенок слој маст на клипот (сивиот дел) од групата (Сл. 41) за варење.
2
Нанесете тенок слој маст околу оската (сивиот дел) на дното од групата (Сл. 42) за варење.
3
Нанесете тенок слој маст на шините од двете страни (Сл. 43).
Програми за чистење на внатрешниот елемент за
капучино
Машината има три програми за чистење на внатрешниот елемент за капучино:
- „Доза HygieSteam“: машината испушта пареа низ внатрешниот систем за капучино за да го
исплакне набрзина.
- „HygieSteam“: машината темелно го чисти внатрешниот систем за млеко со пареа. Осигурете
се дека садот за HygieSteam е правилно склопен (Сл. 44) и прикачен на машината (Сл. 45).
Ставете ја цевката за млеко во држачот (Сл. 46) на цевката за млеко и следете ги упатствата
на екранот.
- „Deep Milk Clean“: Изведете ја постапката „Deep Milk Clean“ со средството за чистење на
колото за млеко на Philips за темелно чистење на внатрешниот систем за млеко.
Чистење на внатрешниот елемент за капучино под чешма
1
Отворете ја вратата на внатрешниот елемент за капучино (Сл. 47).
2
Извадете го внатрешниот елемент за капучино влечејќи го надолу (Сл. 48).
3
Расклопете го внатрешниот елемент за капучино со влечење на долниот дел од горниот дел
(Сл. 49).
4
Расклопете ги сите делови (Сл. 50) и исчистете ги под чешма.
5
Повторно склопете го внатрешниот елемент за капучино.
6
За да го вратите назад внатрешниот елемент за капучино, ставете го во исправена положба
и проверете дали се порамнети дупките со двете цевки на машината. Потоа поместете го
внатрешниот елемент за капучино нагоре додека не се заклучи во место (Сл. 13).
7
Затворете ја вратата.
Посетете ја
www.saeco.com/care
за детални видео упатства.
Постапка на отстранување бигор
Користете само средство за отстранување бигор на Philips. Во ниту еден случај не треба да
користите средство за отстранување бигор на база на аминосулфуреста киселина,
хлороводородна киселина, сулфурна или оцетна киселина (оцет) бидејќи ова може да го
оштети колото за вода во машината и нема да го раствори бигорот соодветно. Ако не
користите средство за отстранување бигор на Philips, гаранцијата нема да важи. Гаранцијата
нема да важи и ако не извршувате чистење бигор на апаратот. Може да купите средство за
отстранување бигор на Philips во онлајн продавницата на
www.saeco.com/care
.
1
Кога машината ќе побара да извршите чистење на бигорот, притиснете на копчето за
старт/стоп за да започне. За да почнете со чистење на бигорот без машината да го побара
тоа, допрете на иконата Чисти и изберете „Descale“ (Чисти бигор).
2
Отстранете ги садот за капење, садот за мелено кафе и садот (Сл. 35) HygieSteam, испразнете
ги и вратете ги на место.
3
Извадете го резервоарот за вода и испразнете го. Потоа извадете го филтерот AquaClean.
4
Истурете го целото шише на средството за отстранување бигор на Philips во резервоарот за
вода, а потоа наполнете го со вода до нивото (Сл. 51) ЧИСТЕЊЕ БИГОР. Потоа повторно
ставете го во машината.
5
Ставете голем сад (1,5 l) под одводот за распрскување кафе.
Nadal masz pytania?Nie znalazłeś odpowiedzi w instrukcji lub masz inne problemy? Zadaj pytanie w poniższym formularzu i opisz szczegółowo swoją sytuację, aby inni użytkownicy i eksperci mogli udzielić ci odpowiedzi. Jeśli wiesz, jak rozwiązać problem innej osoby, podziel się swoją wiedzą :)