Samsung Tab Active Pro - Instrukcja obsługi - Strona 118

Tablet Samsung Tab Active Pro – Instrukcja obsługi, czytaj za darmo online w formacie PDF. Mamy nadzieję, że to pomoże rozwiązać wszelkie problemy, które mogą się pojawić. Jeśli masz dodatkowe pytania, skontaktuj się z nami za pomocą formularza kontaktowego.
























































































































































































Македонски
394
Избегнувајте контакт со уредот кога се презагреал. Во спротивно, тоа може да
предизивка изгореници од ниска температура, црвенило и пигментација на кожата
•
Внимавајте на презагревање на уредот кога го користите подолго време и избегнувајте
долготраен контакт со кожата.
•
Не седете на уредот и не ставајте го во директен контакт со кожата подолго време кога се
полни или кога е поврзан со извор на напојување.
•
Толеранцијата на високи температури е различна кај секого. Ве молиме, бидете особено
внимателни кога го користат деца, постари лица или лица со посебни потреби.
Не користете го Вашиот уред со изваден капак за батеријата
Батеријата може да испадне од уредот што може да резултира со оштетување или неправилно
функционирање.
Внимавајте да не го изложувате објективот на камерата на силен извор на светлина,
како на пример директна сончева светлина
Ако објективот на камерата се изложи на силен извор на светлина, како на пример директна
сончева светлина, сензорот за сликање на камерата може да се оштети. Оштетениот сензор за
сликање не може да се поправи и ќе предизвика точки или дамки на сликите.
Доколку Вашиот уред е опремен со блиц-светло или ламба, не користете го светлото
блиску до очите на луѓето или миленичињата
Користењето на блицот во близина на очите може да предизвика привремено губење на
видот или оштетување на очите.
Ракувајте внимателно кога сте изложени на трепкачки светла
•
Додека го користите уредот, оставете некои од светлата во собата вклучени и не држете го
екранот премногу блиску до Вашите очи.
•
Може да дојде до напади или бессознание кога сте изложени на трепкачки светла додека
гледате видео или играте флеш-игри подолг период. Ако се чувствувате непријатно,
престанете со користење на уредот веднаш.
•
Ако некој Ваш близок почувствувал напади или несвестици додека користел сличен уред,
консултирајте лекар пред користење на уредот.
•
Ако чувствувате непријатности, како на пример грчеви во мускулите или дезориентираност,
веднаш запрете со користење на уредот и консултирајте лекар.
•
За да спречите напрегнување на очите, правете чести паузи додека го користите уредот.
Намалете го ризикот од повреди поради повторувачки движења
Кога повторувате одредени движења, на пример, притискање копчиња, цртање знаци на
екран чувствителен на допир со прстите или играње игри, може да почувствувате повремена
непријатност во Вашите раце, врат, рамена или други делови од Вашето тело. Кога го
користите Вашиот уред подолги периоди, држете го уредот релаксирано, притискајте лесно
на копчињата и правете повремени паузи. Ако и натаму имате непријатности при или по
користењето, престанете со употребата на уредот и консултирајте се со лекар.
"Ładowanie instrukcji" oznacza, że należy poczekać, aż plik się załaduje i będzie można go czytać online. Niektóre instrukcje są bardzo obszerne, a czas ich ładowania zależy od prędkości Twojego internetu.