Huawei AX3 Pro - Instrukcja obsługi - Strona 33

312
313
П5: Што да направам ако ја заборавам лозинката за најавување на апликацијата
или за страницата за управување со насочувачот преку веб?
Обидете се да ја користите лозинката за Wi-Fi на насочувачот за да се најавите.
Ако проблемот не е решен, обновете го насочувачот на фабричките поставки.
П3: Како да поврзам дополнителен насочувач HUAWEI со мрежата на HUAWEI WiFi
AX3 Pro?
Може да го поврзете насочувачот на некој од следниве начини:
• Жичано поврзување. Поврзете ја портата WAN на дополнителниот насочувач (нов или
обновен на фабричките поставки) со портата LAN на конфигурираниот HUAWEI WiFi AX3 Pro
со користење кабел за етернет.
• Безжично поврзување. Чекор 1: ставете го дополнителниот насочувач (нов или обновен на
фабричките поставки) во опсег од еден метар од конфигурираниот HUAWEI WiFi AX3 Pro и
поврзете го со напојувањето. Чекор 2: кога показателот на HUAWEI WiFi AX3 Pro ќе почне да
трепка, притиснете го копчето H на него. Почекајте додека показателот на дополнителниот
насочувач не покаже дека е поврзан на мрежата.
„Насочувач од HUAWEI“ се однесува на насочувачи што поддржуваат HarmonyOS Mesh+. Проверете
дали вашиот уред поддржува таква карактеристика.
П4: Како да поврзам уред со Wi-Fi со мојот насочувач со користење WPS?
Кога насочувачот е вклучен, притиснете го неговото копче H, па притиснете го копчето за
WPS на уредот со Wi-Fi (како што е телефон) во рок од две минути за да започне стандардна
комуникација преку WPS и да го поврзете уредот со Wi-Fi на мрежата Wi-Fi од насочувачот.
"Ładowanie instrukcji" oznacza, że należy poczekać, aż plik się załaduje i będzie można go czytać online. Niektóre instrukcje są bardzo obszerne, a czas ich ładowania zależy od prędkości Twojego internetu.