Gorenje WHI6SYW - Instrukcja obsługi - Strona 11

30 MK
Вградување
Производ со прекумерна тежина, поместувањето и монтирањето на аспираторот треба да се направи од
најмалку две или повеќе лица.
Пред да се почне со монтирањето:
•
Проверете дали купениот производ е со соодветни димензии за одбраниот простор за монтирање.
•
Извадете го/ги филтерот/-те на активен јаглен ако се доставени (види го и соодветниот параграф). Тој/тие се монтира/-ат само
ако сака да се користи аспираторот во варијанта со филтрирање.
•
Проверете дали во внатрешноста на аспираторот (поради транспортот) нема материјал од опремата (на пример ќесиња со
завртки и навртки, гаранции и др.), ако има извадете го и зачувајте го.
•
Ако е можно откачете го и тргнете го мебелот под и околу просторот за монтирање (ѕидот или таванот) на аспираторот за
да се има подобра пристапност. Меѓу другото заштитете го мебелот и сите други работи колку што може подобро. Одберете
рамна површина и покријте ја со заштита каде што потоа ќе го ставите аспираторот и деловите од опремата.
•
Проверете меѓу другото да во близина на просторот за монтирање на аспираторот (во простор кој е пристапен и со монтиран
аспиратор) има на располагање електричен штекер и дека може да се поврзе на уред за исфрлување на пареите во
надворешноста (само варијанта со всмукување).
•
Направете ги сите потребни ѕидарски работи (на пр.: поставување на штекер и/или отвор за поминување на одводната цевка).
Аспираторот оди заедно со парчиња за прицврстување пригодни за поголемиот дел од ѕидови/тавани. И покрај тоа потребно е
да побарате објаснување од квалификуван техничар за да ви потврди за прикладноста на материјалите според видот на ѕидот/
таванот. Ѕидот/таванот треба да биде доволно цврст за да ја издржи тежината на аспираторот.
ФУНКЦИОНИРАЊЕ
Користете ја најголемата брзина во случај на невообичаена концентрација на пареи во кујната. Ви препорачуваме да го вклучите
издувувањето 5 минути пред да започнете со готвењето и да го оставите да работи околу 15 минути по завршување на готвењето.
За да ги одберете функциите на аспираторот доволно е само да ги допрете командите.
T1.
Состојба на подготвеност/Вклучи екран
T2
. Вклучи/Исклучи 1-ва брзина (моќност) на всмукување
T3
. Вклучи/Исклучи 2-ра брзина (моќност) на всмукување
T4.
Вклучи/Исклучи 3-та брзина (моќност) на всмукување
T5.
Вклучување/исклучување на светлото
УПРАВУВАЊЕ СО ОСВЕТЛУВАЊЕ
Рачното управување со светлото е однапред уредено. За да го вклучите и исклучите светлото притиснете на иконата за светло.
AdaptLight - автоматско управување со светлото.
Доколку корисникот застане пред аспираторот најмалку 2 секунди, аспираторот автоматски го препознава корисникот и светлото
се вклучува. Доколку корисникот не е веќе пред аспираторот, светлата автоматски се исклучуваат по 2 минути.
AdaptLight се активира со држење на копчето за светло 3 секунди. По ова време, иконата за светло ќе трепне 3 пати и потоа
иконата за светло нема да биде осветлена. AdaptLight се деактивира со држење на копчето за светло 3 секунди. По ова време,
иконата за светло ќе трепне 3 пати и се префрлува во рачно управување. Иконата за светло е малку осветлена.
ОДРЖУВАЊЕ
Предупредување! Пред билокаква операција за чистење или одржување, исклучете го аспираторот од електричната
мрежа со вадење на струјниот приклучник или со исклучување на домашниот мрежен прекинувач.
T1
T2
T3
T4
T5
"Ładowanie instrukcji" oznacza, że należy poczekać, aż plik się załaduje i będzie można go czytać online. Niektóre instrukcje są bardzo obszerne, a czas ich ładowania zależy od prędkości Twojego internetu.
Inne modele okapy Gorenje
-
Gorenje BHI611AS
-
Gorenje BHI611ES
-
Gorenje BHI681EB
-
Gorenje BHI681ES
-
Gorenje BHI911AS
-
Gorenje BHP 643
-
Gorenje BHP623E10X
-
Gorenje BHP623E11B
-
Gorenje BHP623E11W
-
Gorenje BHP623E12X